Новости

Фудбал

Почетино: Покажавме неверојатен карактер против моќен тим како Јуве

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино ги сподели своите впечатоци за нерешените 2:2 како гостин кај Јувентус во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

„Доминираме во поголемиот дел од играта, го покажавме нашиот стил на игра. Мило ми е што навивачите уживаа во оваа средба. Прашањето за пласман во четвртфиналето е отворено, бидејќи Јувентус е многу силен тим. Ова беше навистина фантастичен натпревар.

За седум минути примивме два брзи гола, а потоа покажавме карактер. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи, бидејќи не е лесно да се вратиш по два погодока во Торино против таков силен тим како Јувентус. Освен тоа, мислам дека заслуживме победа”, рече Почетино.

GOLD
To Top