Новости

Фудбал

Почетино е првиот пик на Флорентино за наследник на Зидан

Реал Мадрид почна да размислува за ерата по Зидан, па според некои извори клупското раководство веќе размислува за менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, како наследник на клупата на „Сантијаго Бернабеу“.

Според последните информации, претседателот на “кралевите”, Флорентино Перез е импресиониран од младиот тренер на лондончани и одличната работа која ја прави во англискиот тим веќе неколку сезони.

Покрај тоа, тој ги импресионира шефовите на кралскиот клуб и со играта на својот тим при гостувањето на „Бернабеу” во мечот од Лигата на шампионите во кој неговиот тим покажа одличен фудбал и успеа да освои бод.

Karmen
To Top