Новости

Фудбал

Рајан Гигс е најсериозен кандидат за велшки селектор

Рајан Гигс бил интервјуиран од Фудбалската федерација на Велс за слободниот тренерски пост на чело на националниот тим, пренесе „Sky Sports“.

„Змејовите“ немаат ментор откако Крис Колман замина во ноември за да го преземе Сандерленд. Пред неколку недели, Гигс рече дека ќе биде за него чест да го предводи националниот тим на неговата татковина, а денес стана јасно дека локалната ФА веќе преговара со него.

44-годишниот Гигс има 64 натпревари за Велс како фудбалер, но досега не водел клуб во неговата менаџерска кариера, освен четири дуели на чело на Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната 2013/14. Потоа велшката ѕвезда беше асистент на Луис ван Гал две години, но замина од „Олд Трафорд“, по доаѓањето на Жозе Мурињо во летото 2016 година.

Evrotip
Евротип
To Top