Новости

Фудбал

Реал нудел 250 милиони за Меси во 2013 година

Според германскиот „Дер шпигел“ и шпанскиот „Ел мундо“, Реал Мадрид во 2013 година биле подготвени да дадат неверојатни 250 милиони евра и да го донесат Лионел Меси на „Сантијаго Бернабеу“, пред да се откажат од идејата и да го донесат Герет Бејл од Тотенхем за 100 милиони евра.

Ињиго Хуарез, тогаш адвокат на семејството на Меси и неговиот татко Хорхе, објаснува дека „Лос бланкос“ биле подготвени да ја платат откупната клаузула од неверојатни 250 милиони евра за да го донесат аргентинскиот гениј во тимот, а покрај тоа биле подготвени да му дадат и неверојатни 23 милиони евра по година.

Веќе бил договорен состанок на Меси и неговиот тим со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и тогашниот спортски директор, Мигуел Пардеса. Состанокот требало да се одржи во приватен авион, но весниците не објаснуваат дали до него воопшто стигнало.

GOLD
To Top