Новости

Фудбал

Реал со капитална предност ќе патува во Париз

Реал Мадрид не одигра на највисоко ниво, но големите клубови победуваат и кога не им оди. ПСЖ во голем дел од мечот беше подобар противник, но кога реши да се брани го загуби натпреварот.

Првата шанса ја имаше Роналдо во 30. минута кога излезе сам пред голманот на ПСЖ, но го погоди само во главата. Брзо потоа стигна казна, Рабио постигна гол за водство на францускиот тим од 1-0.

Пред самиот крај на првото полувреме Кристијано Роналдо од пенал го изедначи резултатот и ја врати надежта кај навивачите на Реал Мадрид.

ПСЖ играше одлично и беше поблиску до ново водство, но во 66. минута Емери реши да се брани, го извади Кавани а на негово место го стави дефанзивецот Моние и погреши.

Роналдо во 83. минута постигна среќен гол за водство на Реал Мадрид од 2-1, а три минути подоцна погоди и Марсело за конечна победа од 3-1.

Студирајте на БАС
To Top