Новости

Фудбал

Санчез на раскрница која понуда да ја прифати

Арсенал и дефинитивно е подготвен да го продаде Алексис Санчез во тековниов преоден рок, меѓутоа мора да се исполнат два услова.

Прво на адреса на клубот од Северен Лондон мора да дојде добра понуда додека вториот услов е „топчиите“ да доведат соодветна замена пред да се затвори зделката. Желба на Санчез е да заврши во Манчестер Сити а според извори на „Би-Би-Си“, можен е компромис за сума меѓу 25 и 30 милиони фунти.

Сепак во целата приказна може да се вклучи и Манчестер Јунајтед откако вчера се појавија информации дека „црвените ѓаволи“ се подготвени да влезат во битка за потписот на Чилеанецот. Доколку пак, напаѓачот остане на „Емирати“ во текот на летото ќе биде слободен агент и ќе може да си побара нов клуб.

Evrotip
Евротип
To Top