Новости

Фудбал

Серхи Роберто потпиша договор до 2020 година со Барса

Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто, ќе остане во шпанскиот состав до 2020 година а новата клаузула за евентуално предвремено заминување ќе биде во висина од големи 500 милиони евра.

Со таквиот потег челниците на Барса јасно ставија до знаење дека не сакаат да се разделат со еден од најдобрите играчи во тимот за кого се заинтересирани неколку екипи од Европа и од Кина. Веројатно како поука им послужи последниот пример со Нејмар кога ПСЖ плати клаузула од 222 милиона евра и го купи Бразилецот.

Роберто кој во дресот на Каталонците има освоено 18 трофеи, одиграл вкупно 185 средби во сите конкуренции.

GOLD
To Top