Новости

Фудбал

Трагичната судбина на Астори: Малата Виторија не стигна да го запамети својот татко

Давиде Астори, италијански репрезентативец и капитен на Фиорентина, вчераутро беше пронајден мртов во хотелска соба во Удине, пред закажаното гостување кај Удинезе, што предизвика вистински шок во фудбалскиот свет. Италијанецот беше роден пред 31 година роден во Бергамо, каде играше за локалниот тим Пинтосоло, пред да премине во Милан во 2006-та година.

Две години подоцна се пресели во Каљари, каде се афирмираше како солиден централен бек, одигрувајќи 174 натпревари за клубот, кога беше за прв пат повикан во селекцијата на „аѕурите“, за мечот против Украина во 2011-та година. Поради лојалноста кон Каљари, Астори одби да премие во московски Спартак за 15 милиони евра. Тој од 2013-та година беше во врска со две години постарата од него Франческа која работеше како фото модел, па делумно и заради неа, тој пред 5 години се решил да не се пресели во Русија.

Потоа Рома се обиде да го ангажира и успеа да го добие на позајмица во 2014-та година, за една подоцна Фиорентина повторно да го позајми, потоа и откупи. Тој почна да прикажува одлични партии во Фиорентина, каде со Франческа ја добиваат ќеркичката Виторија, која е родена пред околу година и половина.

Астори толку добро играше за Фиорентина што си обезбеди место во италијанската репрезентација и стана капитен на „виолетовите“. Со капитенската лента на својата рака, Астори требаше да го поведе својот тим во 15 часот на мечот против Удинезе, но утрово во хотелската соба во Удине беше пронајде мртов, и тоа, според првичните информации, по срцев удар кој му се случил додека спиел.

-Не се појави на појадок, па го побаравме…, раскажуваат со неверување неговите соиграчи, чиј меч веднаш беше откажан, како и целото коло во Серија А.

GOLD
GoldSlot
To Top