Новости

Фудбал

Тренерот на Шахтјор го исполни ветувањето и се маскира како Зоро

Тренерот на украинскиот гигант Шахтјор Доњецк, Пауло Фонсека се појави на прес-конференцијата по победата со 2- 1 над Манчестер Сити облечен како …. Зоро.

Тој беше во одлично расположение, бидејќи неговиот тим го претекна Наполи и се пласираше во директните елиминации, а освен тоа не пропушти да ги позабавува и новинарите.

„Уште од првиот ден ви повторувам дека верувам во нашиот пласман за директните елиминации и верувам во мојот тим. Зошто се маскирав точно како Зоро? Пред Ноќта на вештерките еден новинар ме праша како ќе се маскирам и јас му реков дека ќе бидам Зоро. Малку е рано да ме прашате што ќе направам, ако Шахтјор дојде до финалето“, додаде Фонсека.

To Top