Новости

Фудбал

Турчинот Чакир ќе го суди дуелот Челзи – Барселона

Турскиот судија Џунејт Чакир ќе го суди првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите меѓу Челзи и Барселона кој се игра утре.

41-годишниот меѓународен судија веќе има искуство во водењето на дуели меѓу двата тима. Тој беше назначен за полуфиналниот реванш натпревар во истото натпреварување во 2012 година, кога каталонците „прокоцкаа“два гола предност и отпаднаа по нерешените 2:2.

Тогаш Чакир покажа црвен картон на поранешниот капитен на лондончани Џон Тери и досуди пенал за домаќините кој не го искористи Лионел Меси. За промашувањето на Лео Меси од белата точка, неодамна говореше ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез. Чилеанецот призна дека Меси плачел во соблекувалната.

GOLD
To Top