Новости

Фудбал

УЕФА ги смени термините во Лигата на шампионите

Во желбата да заработи што повеќе пари од телевизиски права УЕФА реши да ги смени термините за одигрување на натпреварите. Од следната сезона средбите во фудбалското натпреварување ќе се играат од 18.55 и 21.00 часот.

Ова правило единствено нема да важи за Русија и Казахстан каде средбите и понатаму ќе започнуваат од 18.00 часот. Со ова љубителите на фудбалот ќе можат да следат по два преноси во еден ден наместо досега по еден во терминот од 20.45 часот.

GOLD
GoldSlot
To Top