Новости

Фудбал

Убедлива победа на селекцијата до 19 години против Финска

Македонската фудбалска селекција до 19 години оствари убедлива победа против врсниците од Финска со 5-0 во првиот од двата предвидени контролни меча на терените на Фудбалската федерација.

Првиот погодк беше дело на Стојчевски во 15 минута а предноста од 2-0 ја обезбедивме со погодокот од пенал на Атанасов во 52-та минута. Потоа на сцена стапи Колевски кој со хет-трик ( (54, 58, 89 минута) донесе сигурна победа на нашата селекција која се загрева за претстојните елитни квалификации за Европското првенство.

Мечот одигран во Скопје донесе и непосакуван момент кога Миле Тодоров заработи скршеница на ногата по што беше итно префрлен во болница. Вториот натпревар меѓу двете селекции ќе биде одигран на истата локација на 1 март.

GOLD
GoldSlot
To Top