Новости

Фудбал

Убедлив пораз на У21 селекцијата од Австрија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година доживеа дебакл од Австрија на домашен во рамките на квалификациската група – „7“ за пласман на Европското првенство во 2019 година во Италија.

На Арената Филип Втори гостите тотално ги надиграа избраниците на селекторот, Благоја Милевски и сосема заслужено ги однесоа бодовите. Епилогот беше најавен уште во 12 минита со голот на Јакуповиќ кој успеа да погоди и во 54-та. Нашата мрежа ја затресоа и Хонсак (26) и Лајмер (36).

Македонија во финишот на мечот не реализираше пенал преку Исени. Нашата селекција по денешниот меч останува на дното на табелата со само 3 бода колку што има и Гибралтар. Лидер е Србија со 12 пред Русија со 10 и Австрија со 9 бодови. Ерменија има 7.

Karmen
To Top