Новости

Фудбал

Убиен баскиски полицаец по хулиганска пресметка во Билбао

Голем инцидент предизвикаа навивачите на Атлетик и Спартак Москва по судирот вечерва на улиците на Билбао каде пристигнаа 2000 ултраси од Москва. Во еден момент улиците личеа на вистинско бојно поле а животот го загуби еден полицаец.

Натпреварите од шпанското првенство овој викенд ќе започнат со едноминутно молчење во спомен на полицаецот во Билбао, кој синоќа почина за време на немирите пред натпреварот меѓу Атлетик Билбао и Спартак Москва од Лигата на Европа.

Еден локален полицаец почина од срцев удар додека се обидел да ги смири меѓу завојуваните страни на домашните и гостинските навивачи. Вкупно петмина беа повредени во нередите пред натпреварот.

Спартак победи во Билбао со 1-2, но Атлетик обезбеди место во осминафиналето на ЛЕ.

 

GOLD
GoldSlot
To Top