Новости

Фудбал

У19 репрезентативците со победа од 6-0 ги завршија квалификациите

Македонската репрезентација до 19 години со убедлива победа од 6-0 против Лихтенштајн и максимални девет бодови фи заврши натпреварите од групата за пласман во Елитната УЕФА фаза за ЕП. Младите фудбалери од нашата „златна генерација“ приредија гол-шоу на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и на најдобар можен начин потврдија дека имаат голем потенцијал.

Ова е за прв пат една македонска репрезентација да заврши со максимални девет бода во квалификации. Дарко Чурлинов погоди во 3. минута, а четири минути подоцна Колевски зголеми на 2-0. До полувремето веќе беше 3:0 со на голот на Митровски. Токму Димитар Митровски погоди за 4-0 во 54. минута, мрежата на гостите два пати ја тресеше и Миовски за конечни 6-0.

Македонија претходно во квалификациите со идентични 2-1 славеше над Белгија и Швајцарија. Момците на селекторот Вујадин Станојкивиќ покажаа дека имаме генерација за блескава иднина.

Karmen
To Top