Новости

Фудбал

Фиго: Португалија и Шпанија се фаворити на Мундијалот

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго го анализираше предстојното Светско првенство кое на програмата е следната година во Русија.

Фиго кој денес работи како советник во УЕФА, низ својата кариера имаше прилика на неколку наврати да игра на Светско првенство и ова натпреварување не му е непознато, а говорејќи за фаворитите издвои две репрезентации.

„Португалија и Шпанија со сигурност се фаворите, не само во групата, туку на цело натпреварување. Но сепка, не смее да се заборави дека има екипи кои може да направат изненадување. Без најмал сомнеж, Португалија ја доби една од најтешките групи, но тие исто така ја имат една од најдобрите екипи на денешницата и мотивација која може и тоа како да влијае“, изјави Фиго.

To Top