Новости

Фудбал

Фиго е новиот советник на УЕФА

Поранешниот играч од средниот ред на Португалија, Луис Фиго се приклучи на Европската фудбалска асоцијација како фудбалски советник.

44-годишниот Фиго, кој освои повеќе од 20 трофеи во кариерата во Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Милан ќе работи со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин на голем број технички и легални работи, а ќе продолжи да биде и амбасадор на фудбалот.

„Луис Фиго беше фантастичен играч кој беше пример за однесување на теренот и надвор од него. Тој е почитувана личност во фудбалот и пресреќен сум што е дел од нашиот тим. Неговото огромно искуство ќе биде важно за УЕФА“, изјави Чеферин.

Именувањето на Фиго е дел од планот на Чеферин за вклучување на повеќе поранешни играчи во процесот на одлучување во УЕФА.

Karmen
To Top