Новости

Фудбал

Фирмино: Мојата иднина е во Ливерпул

Еден од најдобрите играчи на Ливерпул оваа сезона, Роберто Фирмино истакна дека сака да остане во Ливерпул што подолго.

„Ливерпул е еден од најголемите тимови во Европа, а да имаш можност да си дел од историјата на толку голем клуб е фантастично за мене. Многу сум среќен во Ливерпул и не се гледам надвор од овој клуб во годините што претстојат. Верувам дека го играм најдобриот фудбал во мојата кариера а тоа му го должам на клубот и на довербата на луѓето околу овој клуб“- коментираше Фирмино.

Фирмино оваа сезона има постигнато 19 погодоци на кои има додадено десет асистенции.

GOLD
SN Finansii
To Top