Новости

Фудбал

Флорентино го подготвил Лев како наследник на Зидан

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез започнал разговори со Јоаким Лев, вели „Диарио Гол“. Според информациите, шефот на „кралевите“ одлучил да „расчисти“ со Зинедин Зидан по 30 јуни.

Перез веќе сопрел на одредено име за заменик на Зидан. Лев веќе некое време се поврзува за нов тренер на Реал Мадрид. Флорентино Перез многу го сака германскиот специјалист на чело на својот тим и го замислил како наследник на Зизу.

Другата опција за заменик на Зидан е актуелниот менаџер на Тотенхем,
Маурисио Почетино.

Според информациите, Реал Мадрид веќе контактирал со Лев и тие одржале неколку разговори со специјалистот за неговата подготвеност да го преземе тимот од следната сезона.

Evrotip
Евротип
To Top