Новости

Фудбал

Француски Рен достави понуда за Фернандо Торес

Француски Рен се обидува да го убеди шпанскиот ветеран Фернандо Торес да се пресели кај нив до крајот на сезоната. Французите бараат опција за засилување во нападот, а Торес и онака нема статус на првотимец во Атлетико и би можел да прифати овие 6 месеци да ги доигра во француската Лига 1.

33-годишниот напаѓач веќе разгледува опциите за продолжување на кариерата следната сезона, бидејќи јасно е дека во јуни си зминува од Мадрид. Во тековната сезона, Торес одигра 15 натпревари во Ла Лига и постигна 2 гола.

Рен моментно е на 8 место во Лига 1 со надеж дек до крајот на сезоната може да се вклучи во битката за место кое води во европските купови.

GOLD
To Top