Новости

Фудбал

Чеферин доаѓа во Скопје на отворањето на новата зграда на ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски ќе го пречека Александар Чеферин, претседателот на УЕФА на официјалното отворање на сместувачкиот капацитет во рамки на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Новиот капитален објект на ФФМ ќе биде пуштен во употреба во четврток на 15. февруари.

Објектот во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ во себе содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА Елитната академија, како и за младите национални тимови. Целосно се опремени за живеење 30 двокреветни соби, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории – сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија.

Сместувачкиот капацитет е наменет за престој на учениците од фудбалската академија во текот на училишната година, а по потреба ќе се користи и за младинските национални тимови во пресрет на натпреварите.

To Top