Новости

Фудбал

Шкендија ја совлада ФК Победа во Тетово

Шкендија запиша победа од 3-0 (2-0) во домашниот шампионат славејќи против прилепска Победа во првиот меч од 22. коло од ПМФЛ.

Тетовци брзо уште во 10-тата минута го отворија резултатот преку Марјан Радески, а во 36. минута веќе беше 2:0 откако мрежата на Тофилоски ја затресе Изаир Емини.

Конечниот резултат го постави Висар Муслиу кој го постигна својот прв погодок во дресот на Шкеднија по трансферот од редовите на Вардар.

Шкендија барем до утре ќе има високи 14 поени позитива во однос на второпласираниот Вардар.

GOLD
GoldSlot
To Top