Новости

Кошарка

Американецот Шакир Смит потпиша за Блокотехна

Американскиот кошаркар од редовите на бугарската екипа Академик Бултекс 099, Шакир Смит е нов кошаркар на гевгелиска Блокотехна, амбициозниот клуб кој е предводен од претходниот генерален спонзор на КК Кожув.

25 годишниот Американец Смит доаѓа во Блокотехна во договор кој ќе трае до крајот на годината, па доколку се покаже во вистинско светло, оваа соработка може да биде продлабочена на подолго.

Тој ќе дебитира на следниот првенствен натпревар за Блокотехна против екипата на МЗТ Скопје.

GOLD
SN Finansii
To Top