Новости

Кошарка

Антиќ: Ќе се вратам во репрезентацијата ако си замине Наумоски

Перо Антиќ изјави дека ќе се врати во нашата репрезентација доколку првиот човек на Мак-кошарката, Петар Наумовски, ја напушти функцијата.

„Ќе почекаме да видиме што ќе се случи со раководството. Додека е истото не размислувам за враќање. Иако се работи за играње за мојата држава, тоа раководство само чека да направи некои проблеми, само лечи комплекси. Ја расипаа хемијата која ја красеше македонската репрезентација“, вели Антиќ за „Спорт Клуб“.

Играчот на „црвено-белите“ од Белград иако ја доби наградата за најдобар во 2017 година во изборот на МКФ, не дојде да ја прими ниту испрати негов претставник.

To Top