Новости

Кошарка

Грег Попович изби на петтото место по бројот на победи

Грег Попович се искачи на петтото место во историјата на НБА по бројот на победи, откако Сан Антонио го совлада Њујорк изминатава ноќ како гостин со 100-91.

Попович го забележа својот 1.176-ти успех на чело на Спарс, надминувајќи го Џорџ Карл. Пред него остануваат само Пет Рајли (1.210), Џери Слоун (1.221), Лени Вилкинс (1.332) и Дон Нелсон (1.335). Сепак, Поповиќ има најголем процент, со 69,4% од победи во одиграните натпревари.

Ламаркус Олдриџ забележа 29 поени, а Каваи Леонард додаде 25 за успехот на тимот од Тексас во „Медисон Сквер Гарден“, со кој тимот го подобри балансот до 26-12 и остана трет на Запад.

To Top