Новости

Кошарка

Грифин: За трампата дознав од Твитер

Најдобриот кошаркар на ЛА Клиперс, Блејк Грифин призна дека за размената која му ја подготви неговиот клуб дознал од Твитер.

„Бев шокиран. Овој збор е најадекватен за да ви опишам како се чувствував кога веста ја прочитав на Твитер. Кошарка во НБА е бизнис, а одлуките не ги донесуваат играчите. Јас само би сакал да бидам информирам за вакви нешта однапред. Вака да ја дознаете својата судбина од еден Твит и не е пријатно. Но, ако е така, јас ќе играм за оние кои ме сакаат во своите редови. Искрено, сега сум среќен во Детроит“, изјавил Грифин за ЕСПН.

Студирајте на БАС
To Top