Новости

Кошарка

Грифин ги напушти Клиперси и сензационално потпиша за Детроит

ЛА Клиперс постигна принципиелен договор за размена на еден од своите најдобри кошаркари со екипата на Детроит Пистонс. Имено, Блејк Грифин би требало да го напушти Лос Анџелес и да се пресели во Детроит, како дел од големата размена во која се вклучени уште 5 други кошаркари.

Од ЛА за Детроит заедно со Грифин заминуваат и Вили Рид и Брис Џонсон, додека во пакет од Детроит кај Клиперс треба да пристигнат Ејвери Бредли, Тобиас Харис и Бобан Марјановиќ, но тимот од ЛА ќе добие и право на избор во првиот круг на драфтот во 2020 година.

28-годишниот Грифин досега целата своја кариера ја помина во ЛА Клиперс, откако беше избран во тимот нa драфтот во 2009 година. Минатото лето тој потпиша нов 5-годишен договор вреден 171 милион долари.

Студирајте на БАС
To Top