Грифин подготвен за враќање на терените по повредата - Шеталиште

Новости

Кошарка

Грифин подготвен за враќање на терените по повредата

Добри вести за фановите на Лос Анџелес Клиперс откако од клубот најавија дека Блејк Грифин би можел да се врати на терените пред крајот на годината.

Грифин се повреди на градското дерби со Лејкерс минатиот месец од кога пропушти 13 натпревари, а она што дополнително го загрижи раководството на клубот е што повредата беше на левото колено поради кое Грифин ја пропушти сезоната 2009-2010.

Тренерот на Клиперс, Док Риверс, потврди дека Грифин е веќе во тренажен процес и би можел да се врати на теренот на утрешниот дуел со Лејкерс или пак оној во недела со Шарлот.

To Top