Новости

Кошарка

Драгиќ повикан за Ол-стар викендот

Плејмејкерот на Мајами Хит, Горан Драгиќ ќе го замени повредениот Кевин Лав во 67 натпревар на ѕвездите во НБА, кој ќе се одржи на 18 февруари во Лос Анџелес.

Лав ја скрши неодамна раката и нема да може да игра најмалку 6 недели, па комесарот на НБА, Адам Силвер мораше да избере заменик на крилото на Кливленд.

Силвер го одбра 31-годишниот Словенец, бидејќи тој бил избран од тренерите, кои гласале, пред младите ѕвезди на Филаделфија и Бостон – Бен Симонс и Џејлен Браун.

Студирајте на БАС
To Top