Новости

Кошарка

Евролигата му ја изрече казната на Лука Дончиќ

Лука Дончиќ, ќе мора да плати 4.500 евра за непристојното однесување и за непочитувањето на судиите на мечот со Валенсија, одлучија надлежните во Евролигата.

Младиот словенечки кошаркар кој во вторникот заработи намерна лична грешка, жестоко им приговараше на судиите а потоа покажа знаци на агресивност додека се движеше во тунелот на патот кон соблекувалната.

„Лука е млад, се случува. Тој заслужи казна иако и судиите мора да внимаваат на нивните одлуки“, рече тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо.

Evrotip
Евротип
To Top