Новости

Кошарка

Кавадарци подготвен за завршниот турнир на Купот на Македонија

Завршниот турнир од Купот на Република Македонија отсекогаш бил синоним за празник на кошарката. Осум екипи во машка односно четири екипи во женска сениорска конкуренција ќе се натпреваруваат за престижниот трофеј.

Минатата календарска година, два клуба испишаа клупска историја, а на листата на трофејни клубови во републиката беа додадени уште две имиња – во машката конкуренција славеше Карпош Соколи додека во женската славеа кошаркарките на Вардар кои спектакуларно ставија крај на доминацијата на Бадел 1862 во ова натпреварување.

Двата клуба претстојниот викенд ќе ги бранат трофеите освоени минатата година.

 

GOLD
SN Finansii
To Top