Кари: Добро е што сега се повредив, а не во плеј-офот - Шеталиште

Новости

Кошарка

Кари: Добро е што сега се повредив, а не во плеј-офот

Стеф Кари, е во добро расположение откако се утврди дека неговата повреда на скочниот зглоб не е така сериозна како првенствено се мислеше.

„Подобро е тоа што се случи сега а не подоцна во сезоната. Тоа и мене ќе ми даде време да се опоравам и да бидам здрав, а и тимот да го пронајде вистинскиот континуитет. Долгорочно, ова е добро за нас“.

Кари признава дека не би требало да ја брка украдената топка во мечот кој веќе беше одлучен, а токму таму се повреди. Иако има историја на проблеми со скочниот зглоб, Кари навистина гледа од ведрата страна.

To Top