Новости

Кошарка

Лазовски: Способни сме да ја победиме Хрватска

Македонската женска кошаркарска репрезентација ги почна подготовките за претстојните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство.

„Пред се сакам да им се заблагодарам на девојките кои го прифатија повикот. Мораме да го искористиме овој прозорец за да го направиме она што ние како репрезентација и треба да го направиме. Мораме да се подготвиме добро и да покажеме добри игри. Играме првпат со Хрватска, репрезентација што по мене одигра променливо во првите два натпревара – дома загубија од Шведска, а на гости ја добија Италија. Се работи за сериозна репрезентација на која мора да и обрнеме внимание и да и наметнеме игра која ќе ни донесе победа овде в Скопје. Се надевам дека по она што го гледам, девојките се максимално мотивирани. Тоа ми дава дополнителна енергија, а верувам и на нив за да се покажат во што подобро светло на терен. Натпреварот в сабота ќе покаже дали сме способни да победиме. Полни трибини значат многу за нас. не верувам дека ќе се исполни арената до последното место, но верувам дека што поголема посетеност ќе ги инспирира дополнително девојките за да го остават срцето на терен. Ни недостасуваат играчи, но тука ни се Ешли Парис со која сме засилени во рекетот, тука е и Едина Муса, а утре ќе ни се приклучи и Ана Тантуровска. Ростерот ќе ни биде проширен и со тоа ќе пружиме поголем отпор на противниците”, истакна селекторот на националниот тим, Марјан Лазовски.

Првиот дуел нашите кошаркарки ќе го одиграат в сабота против селекцијата на Хрватска. Мечот се игра во ВИП арената Борис Трајковски и почнува во 20 часот и 45 минути.

Студирајте на БАС
To Top