Новости

Кошарка

Миротиќ ја залечи повредата, се враќа во дресот на Чикаго

Никола Миротиќ е се поблиску до враќањето на паркетот. Како што објави колумнистот на „Чикаго Трибјун“, Џонсон, оваа недела Миротиќ заедно со тимот ќе замине на гостувањето во Денвер.

Инаку, Црнногорецот со шпански пасош се опоравува од фрактура на вилицата, која ја доби на тренинг во средината на октомври. Од тогаш и ситуацијата во соблекувалната не е најдобра, затоа што Миротиќ и Портис кој го повреди се во исклучително лоши односи.

Претходно, потпретседателот на Чикаго Булс, Џон Паксон, истакна дека тимот не планира да направи промени во својот состав поради конфликтот меѓу двајцата кошаркари.

GOLD
SN Finansii
To Top