Новости

Кошарка

НБА Ол-стар викендот во 2021 година во Индијанополис

Индијанаполис ќе биде градот домаќин на 70-тото издание на НБА „Ол-стар“ натпреварот во 2021 година. Егзибицискиот меч кој треба да се игра во „Банкерс Лајф Филдхаус“ арената, ќе биде првиот „Ол-стар“ викенд во Индијанаполис по пауза од 36 години, односно 1985 година кога НБА ѕвездите се собраа во „Хосис Дом“ арената во овој град.

Следното издание на НБА „Ол-стар“ викендот ќе се одржи во февруари следната година во Лос Анџелес. Градот Шарлот во Северна Каролина ќе биде домаќин во 2019-тата, додека во 2020-година, спектакуларниот кошаркарски викенд ќе се одржи во Чикаго.

GOLD
To Top