Новости

Кошарка

Никола Калиниќ пак го повреди скочниот зглоб

Српскиот кошаркар актуелен член на шампионот во Евролигата, истанбулски Фенербахче, Никола Калиниќ претрпе нова повреда на скочниот зглоб.

Калиниќ на синоќешниот меч во Тел Авив кој Фенербахче го загуби од Макаби, предвреме, уште во првото полувреме, го напушти теренот и замина во соблекувалната, по што не се врати во игра.

Засега не е позната тежината на повредата и дали и колку српскиот репрезентативец ќе отсуствува од терените.

Инаку, Калиниќ на терените се врати пред два дена, откако имаше повеќемесечна пауза поради повреда уште пред Европскиот шампионат, кој го пропушти, а неговата селекција го заврши со освојување на сребрениот медал.

Студирајте на БАС
To Top