Новости

Кошарка

Петар Наумоски доби нов двегодишен мандат како претседател на МКФ

Петар Наумовски останува на челната позција во нашата кошаркар откако на денешното вондредно собрание ја доби довербата на делагатите. Гласањето беше тајно и заврши со 16-14 за доверба на актуелното раководство.Наумовски веднаш потоа изјави.

„Во изминатиот период кажав дека желбата за промена не потекнува од клубовите туку од индивидуи кои лобираа кај клубовите. Влијанието на раководство се гледа погрешно преку резултатите на сениорите и младинците. Правиме напори, но клубовите ни даваат готов производ а ние му даваме можност да се натпреварува со другите од Европа“, изјави Наумоски.

Неговиот главен опонент, Владо Илиевски, ќе мора да чека најмалку две години па дури потоа ќе може повторно да се обиде да ја добие довербата на делeгатите.

GOLD
To Top