Новости

Кошарка

Пешиќ претставен како нов тренер на Барселона

Светислав Пешиќ, денес беше претставен официјално како тренер на Барселона на прес-конференција во каталонската престолнина.

Тоа ќе биде втор престој за српскиот тренер на чело на Барса по сезоната меѓу 2002 и 2004 кога ја освои Евролигата. Светскиот и европски шампион со поранешна Југославија изрази мислење дека сеуште ништо не е загубено и дека има доволно натпревари до крајот на сезоната.

„Секој играчите е значаен. Располагам со состав со многу искусни и талентирани играчи. Треба да најдеме начин да се обединиме околу една цел – да се бориме за победи “, рече Пешиќ.

GOLD
SN Finansii
To Top