Новости

Кошарка

Посилен ли е реновираниот Кливленд од оној стариот?

Кливленд го направи најдоброто можно во обид да ја спаси сезоната, како и суперѕвездата Леброн Џејмс, објавија повеќето аналитичари по затворањето на трансфер прозорецот во НБА.

Кавалирс беа најактивни откако се разделија со шестмина играчи, на чело со Ајазеа Томас, Двејн Вејд и Дерик Роуз и добија четворица наместо нив во лицето на младите Џордан Кларксон и Лери Нанс од Лејкерс, Родни Худ од Јута, како и искусниот Џорџ Хил.

Поголемиот дел од коментаторите сметаат дека експериментот со Томас така и не успеал, а и ужасната игра во одбраната, довела до 14 порази во последните 22 средби, морало да доведе до промена.

Кливленд се раздели во целина со периферни фигури, а освен тоа успеа да го задржи скапоцениот избор од првиот круг на Драфтот текот на летото, кој може да му донесе доста солиден играч.

GOLD
SN Finansii
To Top