Новости

Кошарка

Роуз ги демантира шпекулациите дека ќе се пензионира

Кошаркарот на Кливленд, Дерик Роуз ќе се врати на тренинзите со вицепрвакот во НБА лигата, иако неговата понатамошна кариера беше под знак на прашалник.

Како што објави новинарот на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски, плејмејкерот на Кливленд се откажал од идејата да се пензионира, и дека дефинитивно и се враќа на кошарката.

Роуз, чија кариера ја одбележаа бројни повреди,операции и макотрпни рехабилитациони процеси, најави повлекување од кошарката откако се здоби со нова повреда, нецел месец од стартот на новата сезона.

Тој во тимот на Кливленд одигра само седум натпревари на кои забележа просек од 14,3 поени, 2,6 скокови и 1,7 асистенција.

To Top