Новости

Кошарка

Тантуровска и Кожобашиовска се приклучија кон репрезентативните подготовки

Со приклучувањето на Ана Тантуровска и Ивона Кожобашиовска, од денеска женската кошаркарска репрезентација на Македонија во комплетен состав ќе ги продолжи мини подготовките за претстојните квалификациски дуели со Хрватска и Италија.

Иако без Антиќ, Гивенс и Пејковска, македонските кошаркарки се полни со верба и желба по подолго време да извојуваат победа.

Шансата ќе ја бараат пред се во првиот натпревар кој ќе го одиграат во сабота (10 февруари) кога во СЦ „Борис Трајковски“ ќе гостува селекцијата на Хрватска (почеток во 20:45 часот).

„Хрватска, мислам дека ни е шансата да дојдеме до првата победа на овие квалификации. Тие имаат добра репрезентација, претежно млада и не е толку искусна како претходните години и тоа е плус за нас. Против Италија ќе се потрудиме да одиграме подобро од тоа што го дадовме од себе на теренот во Скопје. Добро е што ги познаваме. Секако дека очекуваме победи, но и се надеваме на поддршка од трибините која секако ќе биде дополнителен мотив за нас. Тие се нашиот шести играч на теренот и ги повикувам да дојдат во што поголем број“, истакна капитенот на селекцијата Анџелика Митрашиновиќ.

И Ивана Кметовска, е оптимист и верува дека Македонија може да оствари победа.

GOLD
To Top