Новости

Кошарка

Тодоров поднесе оставка, испразнета клупата на МЗТ Скопје

По вчерашниот пораз на шампионот МЗТ Скопје Аеродром од „лутиот„ градски ривал Работнички, тренерот на аеродромци Александар Тодоров најави повлекување од функцијата.

По поразот Тодоров меѓу другото изјави – „ Ја преземам одговорноста за овој пораз. Утре ќе се знае повеќе околу тоа дали и понатаму ќе останам во МЗТ Скопје, за тоа не решавам сам туку има и други луѓе со кои треба да седнам и да се договориме што и како понатаму. Имав многу повеќе шанси од некои други тренери во клубот, но ги истрошивме сите кредити“.

За судбината на Тодоров попладнево треба да решава управниот одбор на клубот, но веќе во кошаркарските кругови почна да се лицитира со имињата на можните наследници на Тодоров на клупата на МЗТ Скопје.

Студирајте на БАС
To Top