Новости

ЕВРОТИП Банер
Кошарка

Убедлив пораз на младинците од Грузија во вториот меч на ЕП

Откако вчера дојдоа до тешка победа над Албанија по продолжение нашата кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години беше убедливо совладана од селекцијата на Грузија со 78:48.

Ова беше вториот натпревар за нашите млади кошаркари на ова ЕП (Б дивизија) кое се игра во Романија. Уште од самиот почеток нашите млади кошаркари лошо го започнаа натпреварот и ја загубија првата четвртина со негатива од 8 поени (22:14).

Слично беше о во вториот период, па на одмор се замина со плус 13 за Грузија 37:24. Во третиот период резултатот беше изедначен (17:17), но вистинскиот дебакл следуваше во последниот период кој нашите кошаркари го загубија со 24:7 што ги донесе до убедлив пораз од минус 30 разлика, односно 78:48.

Во нашата репрезентација најефикасни беа Робев со 14 и Маслинко со постигнати 15 поени. Следниот натпревар нашите кошаркари ќе го играат на 18. јули во вторник против доаќинот Романија.

Karmen
To Top