Новости

Кошарка

ФИБА ги укинува квалификациите за СП во Кина?

По само две кола во квалификациите за пласман на Мундобаскетот во 2019 година, кој ќе се одржи во Кина, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја сфати грешката и на евролигата ѝ понуди компромисно решение.

ФИБА сака да ги укине квалификациските натпревари кои се играат во текот на сезоната, односно да ги избрише од календарот квалификациските прозорци кои на програмата се во ноември 2018 и февруари 2019 година.

Ова значи дека ФИБА е подготвена да ги прифати барањата на Евролигата и националните тимови кои сакаат во квалификациите да настапуваат најдобрите играчи.

Ако ФИБА ги укине предвидените термини, тоа значи дека квалификациите би се играле по завршувањето на сезоната, во јули.

Студирајте на БАС
To Top