Новости

Кошарка

Харден ќе паузира две недели по повредата на препоните

Џејмс Харден доби повреда на препоните при победата над Л.А. Лејкерс и направените тестови покажаа дека станува збор за истегнување од втор степен.

Бекот е бр.1 во Лигата по означени поени со 32,1 просек на натпревар и има 9 асистенции, па неговото отсуство сигурно ќе се почувствува.

Харден ретко добива повреди и пред оваа имаше пропуштено само 2 натпревари за претходните 3 сезони и ниту еднаш не отсутвувал повеќе од 9 дуели за една кампања.

„Ракетите“ се втори на Западот со биланс 26-9 и сега нивен лидер ќе биде Крис Пол, кој веќе пропушти 18 средби во сезоната поради повреда. Со него и Харден во тимот тимот е со биланс 15-2.

Evrotip
Евротип
To Top