Новости

Кошарка

Шест кошаркари на Олимпијакос го откажаа настапот за своите репрезентации

Шестмина кошаркари на грчкиот клуб Олимпијакос нема да играа за своите земји во претстојните квалификации за Европското првенство. Грците, Јоргос Принтезис, Вангелис Манцарис, Костас Панаколау и Јанис Папарету, како и Србинот, Никола Милутинов и Јаникс Стрелниекс од Летонија, нема да настапат за своите репрезентации, иако селекторите на нивните земји ги имаа повикано за престојните квалигфикации.

„Од секогаш сме се ставале на располагање на нашите репрезентации. По четири-пет недели бевме одвоени од семејствата, напорно работевме и пожртвувано и гордо игравме за своите земји, не размислувајќи на заморот или опасноста од повреди. Но, овој пат не можеме да ги пропуштиме обврските на нашиот клуб,кои ги имаме во Евролигата. Се надеваме дека наскоро недоразбирањата ќе се надминат и дека повторно ќе можеме да настапуваме за репрезентацијата“, пишува во заедничкото писмо кое го испратија шестмината кошаркари на Олимпијакос.

Karmen
To Top