Новости

Кошарка

Teодосиќ се врати и блесна во победата на ЛА Клиперс

Милош Теодосиќ се врати во тимот на ЛА Клиперс по повеќенеделната пауза поради повреда и беше еден од најзаслужните за победата над Торонто Репторс 96-91.

Торонто имаше предност во поголемиот дел од натпреварот, но Клиперси направија пресврт во финишот.

Првата од клучните две тројки ја постигна „Мастер Џедај“ како што соиграчите го нарекуваат Теодосиќ. Тој натпреварот го заврши со 12 поени и 7 скока. Кај Клиперси најистакнати поединци беа ДеАндре Џордан со 14 поени и 17 скока, односно Монтрезл Харел и Лу Вилијамс кои постигнаа по 17 поени.

Студирајте на БАС
To Top