Новости

Останати

АМС ги прими македонските каратисти на враќање од Сочи

Македонската карате репрезентација денеска оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт по настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори-У21, во Сочи, од каде се вративме со еден сребрен медал.

Каевски ја искажа својата, но и заложбата на Агенцијата за млади и спорт за развој на македонското карате, особено по неговиот прием во семејството на Олимписките спортови.

„Освоениот медал на Фахик Весели во Сочи, како и освоените три петти места, е само уште еден доказ дека македонското карате оди во нагорна линија. Поддршката на Агенцијата за млади и спорт останува во насока на детектирање на спортовите кои се реална можност за настап на ОИ и кон нив ќе се инвестира повеќе, согласно олимпискиот програм“, истакна Каевски.

На приемот носителот на сребрениот медал, Весели истакна дека е посебно среќен од освоениот сребрен медал за македонската репрезентација и дека има уште многу желби за остварување, од кои една е освоен медал на една Олимпијада.

GOLD
SN Finansii
To Top