Новости

Останати

Азербејџан останува без Формула 1 трка?

Сеуште не е сигурно дали Владата на Азербејџан ќе се договори со новото раководство на Формула 1. Главниот град Баку беше домаќин на трка од шампионатот за прв пат во 2016, како дел од договорот со претходниот сопственик Берни Еклстон. Оваа година, сепак, е време за нов договор, овој пат со Американците од Либерти Медиа.

Министерот за Спорт Азад Рахимов планира преговорите да започнат по трката низ улиците на Баку во 2018. „Три месеци по Гран При трката треба да имаме одговор од раководството на Формула 1 по прашањето дали ќе го продолжиме овој договор до 2025. Сега на сите им е јасно дека предложениот нов договор е неприфатлив” изјавил Рахимов.

Министерот прецизирал дека спорните моменти допираат до некои комерцијални услови, права и цената што земјата треба да ја плати. „Сепак, сметаме дека и двете страни имаат желба трката во Баку да продолжи да се одржува” додаде Рахимов. Гран При трака во Азербејџан оваа година ќе се одржи на 29 април низ улиците на Баку.

To Top