Новости

Останати

Бекер: Димитров сезонава е многу подобар од минатата

Борис Бекер во ексклузивното интервју за бугарските медиуми пред почетокот на првиот годинашен Гренд-слем на терените во Австралија, се осврна на досегашните настапи на бугарскиот тенисер, Григор Димитров.

„Го гледам Димитров во полуфиналето на Австралија опен или на првото место. Тој одигра многу силна година и го има третото место на светов. Успешно се натпреварува со најдобрите и полека влегува во врвот на кариерата. Мислам дека е во добра физичка форма“ потенцирал Бекер.

Германецот кој е поранешен светски рекер број 1, има освоено шест титули од Грен Слем собирите вклучувајќи две токму од Мелбурн во 1991 и 1996 година.

Студирајте на БАС
To Top